Според експертите Македонија го има најубавото знаме во светот

Сподели со своите пријатели

Најубавото меѓународно знаме, според претседателот на Меѓународната федерација на вексилолози Жељко Хеимер, го има Република Северна Македонија.

Loading...

Како што изјавил Хеимер, македонското знаме во текот на деведесетите години предизвикало многу контроверзии па морало да биде сменето.

– Усвоено е денешното знаме со едноставен, но многу препознатлив дизајн. Македонија првобитно на знамето го имала „Сонцето од Вергина“,обележје кое може да се пронајде на гробницата на Филип Втори или Фили Трети Македонски во местото Кутлеш, а кои биле татко и полубрат на светскиот освојувач Александар Велики. При спорот околу името на Македонија со Грција, знамето се менува во она која денеска се користи, појаснил тој.

Знаме на Македонија од 1992 – 1995

Што се однесува до останатите знамиња, САД и Авганистан се земјите кои најмногу го менувале, а едно од интересните е и знамето на Мозамбик, кое на себе има симболи книга, мотика и калашникотв, изјавил Хеимер.

Loading...

Држава која најмногу го менувала своето знаме во современо време е Авганистан, дури 15 пати, што не изненадува, со оглед на повеќе или помалку непрекинатата воена состојба во која со години се наоша.

Image by OpenClipart-Vectors from Pixabay

Држава која најмногу додавала нови симболи е САД, каде дури 27 пати се додавани нови ѕвездички кои ги означуваат сојузните држави.

Првото официјално знаме по револуцијата во 1776 година на себе имало 13 сојузни држави, а сега ги има 50.

Image by Angelique Johnson from Pixabay

Што се однесува до формата, поголемиот дел од знамињата се со правоаголна или квадратна форма. Едиснтвена држава која отстапува од оваа праивло е Непал, која има триаголник како знаме. Сојузната држава Охајо во САД исто така отстапува, затоа што нејзиното знаме е во форма на пламен.

Loading...

Најстарото знаме го има Данска и истото се уште се користи во иста форма од почетокот на 13 век. Следуваат Холандија (1572г.) и Непал (1743г.).

Image by RandnotizenORG from Pixabay

Најнови знамиња има Мавританија која во 2017 година, од горната и долната страна додаде црвена линија. Претходно имала само зелена подлога.

Мјанмар своето знаме го сменила во 2010 година, кога одлучиле дека повеќе нема да го употребуваат она од времето на Бурма.

Најмладо знаме има и Косово, кое своето знаме го одреди во 2008 година при прогласувањето независност.

Image by OpenClipart-Vectors from Pixabay

Loading...

Државите на своите знамиња често ставаат и симболи, а кои би требало да ја олеснат препознатливоста во светот. Најчести симболи се ѕвездите, кои гима на 60-ина државни знамиња, а зад нив следуваат грб, круг, сонце и месечина.

Од останатите знамиња, хрватскиот експерт го истакнува знамето на Бермуда, на која има брод што тоне. Доминикана има виолетово-зелен папагал, Киргистан прикажува вкрстени греди од традиционалниот номадски шатор кои се гледаат од внатре кон горе.

Едно од интересните е и бразислкото знаме, каде се додава по една ѕвездича за секоја сојузна држава, но се прикажани во различни големини со оглед на површината на регионите.

Знаме со најмногу симболи има Туркменистан, кое на себе брои 12.

Image by OpenClipart-Vectors from Pixabay

Loading...

Инаку, треминот вексилологија по прв пат во 1958 година го употребува американскиот автор Витни Смит. Нешто подоцна е формирано и Меѓународно здружение на вексилолози на 7 септември 1969 година, а со цел создавање центар на информации и знења за знамињата од сите видови, нивните форми и функции.

Извор: Хина

Leave a Reply