„Спиев со 16.000 луѓе! Љубовта на мојот живот го знае тоа и сѐ уште ме сака“

Сподели со своите пријатели

Ешли Кларк Хофман ги откри сите детали од нејзиниот живот за последните две децении, што предизвикале вистинска бура од реакции на социјалните мрежи.

Loading...

Британката Ешли Кларк Хафман сподели со целиот свет дека спиела со дури 16.000 луѓе, и дека нејзината партнерка, која и покрај тоа, сеуште ја сака со цело срце.

Поранешната проститутка, која е активна на социјалната мрежа TikTok, споделила  со своите придружници преку серија видеа низ што поминала во текот на животот и како изгледала нејзината практика на најстариот занает во светот.

– За време на две децении проституција, спиев со 16.000 луѓе. Мојата партнерка го знае тоа и ме сака и покрај се што направив” – изјави Ешли, која одлучила да зборува за својот живот со цел да им укаже на девојките, кои веројатно имаат намера да ги продадат своите тела, што може да им се случи и како таа работа е навистина тешка.

 

 

Според неа, поради проституцијата, таа во моментов страда од трауматски стрес, редовно има кошмари, но и проблем да изгради доверба кај луѓето.

Loading...

„Жал ми е  за многу работи што ги направив, но најмногу затоа што оставив луѓе кои ме сакаа, дека не го ценам моето тело и дека немам самодоверба – изјави  таа и рече дека сега сето тоа е зад неа, како и дека повеќе не работи како сексуален работник.

Таа исто така рече дека е свесна за сите грешки и дека сѐ уште се бори да се промени.

Нејзините снимки предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а како што откри, повеќето коментари биле позитивни и охрабрувачки, бидејќи голем број луѓе ѝ се заблагодариле за искреноста, давајќи и поддршка да истрае во нејзината борба.