Спасовски: Осудувам било какво насилство, секој ќе одговара за она што го има направено

Сподели со своите пријатели

Осудувам било какво насилство, секој ќе одговара за она што го има направено, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска од Куманово, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентот од сабота кога во дискотека во селото Марино со нож беше прободено едно момче.

Loading...

Приведените лица, како што рече Спасовски, се пуштени по насока на јавниот обвинител.

– Јас првин осудувам било кое насилство кое се случува било каде и од било кого и секој мора да одговара за она што го има направено. Лицата за тој настан се приведени и по насока на јавниот обвинител се пуштени. Не се пуштени заради никаква друга причина туку поради одредени факти кои ќе треба да ги утврди јавниот обвинител и до крај да се заврши со утврдување на кривична пријава, изјави Спасовски.

По однос на пишувањата дека син на советник во Министерството за внатрешни работи е вмешан во инцидентот, Спасовски дециден дека тоа не ги ослободува од злоделата што ги направиле.

– Нема кој да влијае на истрагата, може да биде вработен во МВР, може да биде вработен во било која друга институција, меѓутоа тоа не го ослободува за злоделата кои ги имаат направено, секој ќе одговара за она што го има направено и секој треба да одговара заради тоа што правдата е најважна за сите нас, додаде првиот човек на полицијата.

Инаку настанот се случи во сабота, во селото Марино, кога 27-годишниот Ф.Ф. по инцидентот со две други момчиња, со убодни рани од нож бил префрлен на Клиниката „Мајка Тереза“. Лицето во моментот се наоѓа на КАРИЛ и е во стабилна состојба.

Leave a Reply