„Советот за безбедност на ОН мора да каже доста“

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) мора да каже „доста е“ по убиството на повеќе од 110 луѓе кога израелските војници отворија оган врз нив додека одеа по помош од хуманитарни камиони во Газа, изјави палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур.

Loading...

„Овој монструозен масакр е доказ дека се додека Советот за безбедност е парализиран и става вето, Палестинците плаќаат со своите животи“, изјави Мансур за новинарите.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на „ефикасна независна истрага“ за да се утврди одговорноста по смртта на повеќе од 110 луѓе кои беа застрелани од израелски војници додека одеа да собираат помош од камиони со хуманитарна помош во Газа.

По повод настаните во Газа, синоќа зад затворени врати итно заседаваше Советот за безбедност на ОН.

Соединетите Американски Држави (САД) побараа „одговори“ од Израел, а американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека неговата земја ќе ги испита „контрадикторните верзии“ за трагедијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го осуди пукањето од израелски војници, апелирајќи за „вистина“ и „правда“.

Лекар во болницата Ал Шифа во градот Газа потврди дека израелските војници пукале врз „илјадници граѓани“ кои брзале кон камионите со хуманитарна помош, а Министерството за здравство на Хамас подоцна објави дека 112 лица биле убиени, а 760 се ранети.

Посредниците Катар, САД и Египет со недели се обидуваат да постигнат договор што ќе овозможи пауза во борбите и ослободување на израелските заложници кои се држат во Газа.

Loading...