Сопственикот на Тесла ќе добие оштета затоа што неговиот автопилот се однесува како „пијан возач-почетник“

Сподели со своите пријатели

Геманскиот суд пресуди дека сопственикот на Тесла е во право и мора да добие значителна отштета.

Loading...

Според германскиот магазин Шпигел, окружниот суд во Дармштад добил тужба од новиот сопственик на Тесла Модел 3, кој го опремил со пакет Ful Self Driving по дополнителна цена од 6.300 евра. Бидејќи е целосно незадоволен од Автопилот, судот одлучил да му плати отштета од дури 69.000 евра.

Сопственикот е целосно разочаран од начинот на кој функционира системот за самоуправување, па вели дека автоматското претекнување не функционира, а автомобилот не препознава сообраќајни знаци или семафорски сигнали. Тој, исто така, го опишува управувањето на Тесла со влезовите и излезите на автопатот како „пијан возач-почетник“.

 

 

Тесла моментално нуди основен пакет Атопилот со систем Smart Summon за автоматско извлекување возила од гаражата и функциите Autopark, Auto Lane Change и Navigate. Цената е 3800 евра. Сопственикот очигледно го купил комплетниот пакет, платил двојно повеќе, а од Тесла велат дека автоматската контрола Autosteer доаѓа подоцна, но дека ги следи сообраќајните знаци и светлата.

Судот пресуди дека Тесла продавал „софтвер чии функции не можат да се користат, барем додека не се направат соодветните измени“. Таа приказна не е завршена бидејќи адвокатите на Тесла поднеле жалба на одлуката на судот.

Loading...

 

 

Ова не е прв случај Тесла да падне пред германски суд. Во 2020 година, судот во Минхен пресуди дека Тесла ги измамил корисниците ветувајќи Автопилот повеќе отколку што може да понуди во пракса.