Сопственичката на куќата на Хитлер во борба против одлуката на државата

Сподели со своите пријатели

Сопственичката на куќата во која е роден Адолф Хитлер, во местото Браунау, не ја прифаќа одлуката на австриските власти за експропријација и пред судот се бори за отуѓен имот.

Некогашната сопственичка најавува дека ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде ќе поднесе жалба за одлуката на австриската влада, која во јуни ја потврдил и Уставниот суд.

Адвокатот кој ги застапува истакнува дека експропријацијата било кршење на нејзините човекови права. Тој минатата недела во судот во Рид поднел барање за утврдување нова свота за откуп на зградат,а затоа што поранешната сопственичка смета дека 310.000 евра колку добила од Австрија се премалку.

 

Loading...

 

Случајот пред Европскиот суд би можел да трае неколку години, поради што и понатамошната судбина на куќата е неизвесна. Така Министерството за внатрешнир аботи најави конкурс за архитекти за реконструкција на куќата и истот моментално е запрен.

Куќата во која е роден Адолф Хитлер вратена е на сопствениците од 1952 година, а државата Австрија од тогаш ја изнајмувала и користела за различни општествени цели, за да спречи воспоставување место за величење на фирерот на Третиот Рајх.

Минатата година министерството, по долги неуспешни преговори со сопственичката, дошло до заклучок дека е неопходна експропријација за да се обезбеди зградата да не биде користена од страна на неонацистите.