Сончево и стабилно и оваа недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, во утринските часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб претежно источен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со максимална дневна температура од 17 степени. За утре не очекува слично време, со утринска два степени над нулата, а максимална дневна од 16 степени целзиусови.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а и утре ќе има услови за магла по одделни котлини. Од среда ќе почне да дува северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Leave a Reply