Сончево и многу топло со температури до 36 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошките работи.

Попладне можна е локална појава на краткотраен дожд и грмежи повеќе во западните планински предели. Минималните температури ќе бидат од 10 до 19, а дневната највисока дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 36 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време. Во попладневните и вечерните часови е можна појава на ретки грмотевици и мали услови за дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзиусови.

Следи период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а утре е можна локална појава на краткотраен дожд повеќе во планинските предели.

Во сабота има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјата, велат од УХМР.