Сончево до умерено облачно време со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта во земјава преовладуваше ведро време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дуваше умерен североисточен ветер кои на повеќе места се засилуваше, особено во Скопската котлина и на моменти достигнуваше брзина до 50 км/час. Утринава времето е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кои повеќе е изразен на повисоките места.

Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време. Ќе дува умерен ветер со променив правец, а максималната дневна температура ќе достигне 6 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено зголемена облачност.