Сончево до умерено облачно, во Куманово до 21 степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието локално засилен ветер од северен правец.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

 

Loading...

 

До сабота, како што велат метеоролозите при УХМР, времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот.

Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply