Сонце во Гевгелија, магла во кумановско

Сподели со своите пријатели

Повисоките места и поширокото гевгелиско подрачје денес ќе уживаат во сончев вторник, додека Пелагонија, Полог, Овче Поле, кумановската котлина, Струмичко Поле и повардарието од скопската котлина сè до Демир Капија ќе се борат со магла и ниска облачност во текот на денот, јавува Метеопро.

Веројаност за расчистување на ниската облачност има, но таа е релативно мала.

Максималната температура на повисоките места и охридско ресенскиот крај ќе има вредности околу 13°С, а во гевгелискиот крај и до 17°С.

Како што соопштија од Автомото сојузот на Македонија намалена видливост поради магла има во Гостивар до 50 метри, Струмица до 50 метри, Крива Паланка и Павлешенци до  30 метри.