Со Тесла поминал милион и пол километри: Возачот откри што треба да смени во автомобилот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Таксист во Германија со својата Тесла поминал милион и пол километри. Таксистот Хансјорг фон Геминген-Хорнберг на Твитер се пофали дека неговиот Тесла Модел С P85 поминал повеќе од милион километри, а откри и што треба да замени на автомобилот за да продолжи да вози.

Loading...

Електричниот автомобил на Маск сега работи на трета батерија. Првата под гаранција ја заменил на околу 300.000 километри, втората по уште 150.000 километри, а сега со третата батерија вози повеќе од милион километри, пишува ХАК Магазин.

 

 

Промената на батеријата чинела околу 20.000 евра. На автомобилот му биле потребни и три промени на моторот. P85 има само еден погонски мотор на задната оска. Тоа значи дека три различни погонски мотори откажале. Промената на моторот чини околу 17-18.000 евра.

 

Loading...