Со штрајк започнува учебната година

Сподели со своите пријатели

Со предупредувачки штрајк на просветните работници ќе започне учебната 2019-2020 година.

Loading...

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на своето членство донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк. Одлуката доаѓа по долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, а синдикатот не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти и бара покачување од 25 отсто.

СОНК бара што е можно поскоро да се подобри лошиот социо-економски статус на просветните работници во државата.

Leave a Reply