Со новиот егзоскелет, руските војници стануваат отпорни на нуклеарна експлозија (видео)

Сподели со своите пријатели

Идната руска војска ќе може да се пофали со најнапредните воини на сите времиња. Воин-2 ќе биде опремен со егзоскелет и технологија која ќе може да поднесе и нуклеарна експлозија.

Русија веќе одамна не импровизира и ова идно оклопно воено одело е уште еден доказ. Целосно нова опрема се развива за руската војска. Олег Фаустов ќе биде дизајнер на овој модел наречен Воин-3 кој ќе биде достапен на руската војска од 2022 година.

– Ова потсетува на „Star wars“, но тоа е прототип на воено оклопно одело кое на руските војници ќе им даде предност на боиштата во иднина, пишува „Дејли мејл“.

Loading...

Напредната опрема вклучува егзоскелет дизајниран за зголемување на силата и издржливоста, панцир и оклоп кој ќе може да издржи нуклеарна експлозија. Опремата, исто така, вклучува кацига од ист вид како Stormtroopers со затемнети стакла и мини-светилка прицврстена од страна.

Со вкупна тежина од 24 килограми, овој нов оклоп има педесетина нови елементи во однос на претходната верзија, вклучувајќи пешачко оружје, муниција, најсовремени начини на комуникација и навигација. Часовник вграден во оделото, ќе може да ги задржи сите својства по влијанието на здрачењето на електромагнетните импулси, дури и при нуклеарна експлозија.

https://youtu.be/jLFLji2TzGU

Изгледа дека војувањео во иднина за еден војник повеќе нема да биде исто.

Соединетите Американски Држави, од своја стра исто така, работат на комбинација на воени технологии. Оклопно одело, инспирирано од познатиот филм „Iron Man“.

Оружјето ќе биде надоградено со годините, вклучувајќи ласерско оружје кое ќе се користи во различни форми ширум светот.

https://youtu.be/4lZ8EZsHrz0

Американскта морнарица моменталноима свој систем на ласерско вооружување (Laws) а „USS Ponce“, за да се одбрани од дронови и ракети. Кина своите војници ги има опремено со ласерско вооружување осмислено за заслепување на непријателот.