Со измама од кола на автопатот Куманово – Скопје му украле 70.000 евра

Сподели со своите пријатели

Измамувајќи го дека има проблем со една од гумите од неговиот автомобил, две непознати лица на 56-годишниот З.В. од Србија му украле 70.000 евра, информираа од МВР.

Оштетениот грабежот во СВР Скопје го пријавил вчера во 07:40, изјавувајќи дека бил ограбен на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа Миладиновци, каде го застанале две непознати лица со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со шведски национални ознаки, покажувајќи му дека неговото возило имало проблем со гумата.

Leave a Reply