Со фалсификувано уверение работел како директор на „Наим Фрашери“ и во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(61) од Куманово за сторени кривично дело “поттикнување” во врска со “злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело во врска со “употреба на исправа со невистинита содржина“ и против З.К.(51) од Скопје за сторени кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “фалсификување исправа“.

Во текот на 2010 година првопријавениот нудејќи одредена парични сума го потикнал второпријавениот, кој тогаш работел како референт за студенски прашања на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, да му издаде уверение за завршен VII/1 степен на педагошкиот факултет. Така, второпријавениот го запишал првопријавениот на прв циклус на студии за учебната 2010/2011 година, а потоа на 06.10.2010 година, без истиот да ги полага програмските испити и без да уплати парични средства за испити и семестри во буџетските средства на РМ, му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII/1 степен образование, со што го оштетил Буџетот на РМ.

Потоа, првопријавениот за временскиот поериод од 16.06.2011 до 03.01.2015 година го употребил уверенито од педагошкиот факултет при именување на истиот за директор во основното училиште „Наим Фрашери“ во Куманово. Во временскиот период од 30.01.2017 година до 25.12.2017 година И.А. повторно го употребил уверението за работен ангажман преку АПВ АРБЕИТ ДЕ Скопје со одстапување во Општина Куманово, а потоа во временскиот период од 03.01.2018 до денес при засновање на работен однос во Општина Куманово, остварувајќи личен доход за вредноста на тој исплатен личен доход го оштетил Буџетот на РМ.

Leave a Reply