Со 26 поени разлика КК Куманово победи против Струмица (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со разлика од 26 поени кошаркарите на Куманово вчеравечер на домашен терен ги совладаа играчите од КК Струмица во рамките на 18-то коло од домашното првенство.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”313″]

 

Првите две минути беа единственото време кога гостинските играчи имаа водство од 3:0, но набргу потоа Ракочевиќ и Костоски го полена нивниот кош, а Бојан Трајковски со серија од седум погодоци донесе водство на КК Куманово од 12:5.

Веќе на крајот на првата четвртина изабраниците на новиот тренер Марјан Србиновски имаа двојно водство, односно 20:10, со последните поени кои ги даде Марјан Јанески.

 

 

Во втората четвртина кумановци со одличната игра го наполнија кошот на струмичани со 14 поени, наспроти нивните девет, па така првото полувреме со водство од 12 поени за КК Куманово заврши со резултат од 34:21.

 

Loading...

 

Уште поагресивна беше играта на домаќините по полувремето, кога Ракочевиќ И трајковски продолжија да ги блокираат нападите на Богоев и Марковиќ од КК Струмица. Третата четвртина заврши со огромна предност за изабраниците на Србиновски која остана недостижна за струмичани, односно резултат од 58:30.

 

 

Најдобар во тимот на кумановци беше Бојан Трајковски со 16 реализирани поени и шест скокови, како и 10 поени впишани за Ракочевиќ со шест скокови. Во спротивниот табор Богоев со 13 поени беше најефикасен, но и со мизерен шут од 5/21.