Снегот го парализираше Куманово, службите во „зимски сон“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Интензивните врнежи од снег кои од рано утринава без престан паѓаат во Куманово и околината создадоа вистински проблеми во движењето и на возилата и на пешаците.

Loading...

Општина Куманово за расчистување на улиците ја ангажираше компамината „КООП Инжинеринг“ која го доби тендерот тежок 8,9 милиони денари, но улиците денеска не ги исчисти.

Пет милиони денари од локалната самоуправа доби ЈП „Чистота и зеленило“ за да ги чисти тротоарите, кои исто така имаат слој мраз од претходниот снег, а денеска одозгора и уште дополнителни неколку сантиметри врнежи.

Во „зимски сон“ е и Јавното претпријатие „Македонија пат“. Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кој е под нивна надлежност не е исчистен уште од рано утринава.

Loading...

Движењето на возилата е отежнато и кон околните населби. Од видео снимката подолу се гледа неисчистениот пат кон населбата Перо Чичо, а слична е состојбата и со патот кон населбата Карпош.

Leave a Reply