Смрт со стрелање поради шверц на серијата „Squid Game“ во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Човекот кој ја прошверцувал серијата на Нетфликс „Squid Game“ во Северна Кореја, наводно, бил осуден на смрт откако властите фатиле група средношколци како го гледаат видеото, јавува Радио Слободна Азија (РФА).

Loading...

Според Радио Слободна Азија, според Variety, властите откриле човек кој прошверцувал серијата на „Нетфликс“ Squid Game во Северна Кореја, откако фатиле група средношколци како ја гледаат.

 

 

Во извештајот се наведува дека серијата била прошверцувана во земјата од Кина на USB флеш драјв. Оваа серија не беше достапна за гледачите во Кина, но сепак е популарна благодарение на пиратски веб-страници.

Наводно, шверцерот бил осуден на смрт со стрелање, додека на студентите кои ја гледале серијата им се заканувале тешки затворски казни.

Радио Слободна Азија објави дека студент кој го купил дискот ќе добие доживотна казна затвор, додека уште шест студенти се осудени на по пет години тешка работа.

Loading...

 

 

Наставниците и училишната управа биле отпуштени, исклучени од партијата и исклучени на работа во оддалечените рудници.

Инаку, во декември 2020 година, Северна Кореја донесе закон за „елиминација на реакционерната мисла и култура“, со кој се забранува воведување и ширење на културен материјал како филмови, драми, музика и книги во земјата.

Намерата на оваа одлука е првенствено да се спречи ширење на содржини од Јужна Кореја и САД, а за оние за кои ќе се утврди дека биле дистрибуирани или консумирани подлежат на казни.

Според многубројните извештаи, еден маж бил јавно погубен во април оваа година поради продажба на ЦД-а со јужнокорејски медиумски содржини.

 

Loading...

 

Според извештајот за заработка на „Нетфликс“ во третиот квартал од 2021 година, Squid Game е рангирана на прво место во 94 земји во однос на гледаноста и е гледана во 142 милиони домови ширум светот по само еден месец прикажување.

Во текот на октомври, серијата беше достапна на околу 60 пиратски стриминг страници во Кина, а јужнокорејскиот амбасадор побара од Пекинг да преземе мерки за да се спречи нелегалното гледање.