Смеа до солзи на српската претстава „Свиња“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставата „Свиња“ во продукција на „Мој траг“ од Белград, по текст на Бранислав Нушиќ и режија на Соња Кнежевиќ, вчеравечер беше играна на театарскиот фестивал „Денови на комедија“ и ги насмеа кумановци до солзи.

 

Loading...

 

Никола, белградски инжинер во среќен брак со убавата и паметна Нина, по долго време го среќава својот најдобар другар од студии Ѓоле, кој заминал во Америка и таму заработил големи пари и целосно го саменил својот начин на живот и на размислување.

 

 

Ѓоле, моментално е воодушевен од жената на пријателот, додека неговата газдарица баба-девојка, во младиот кираџија гледа совршен младоженец.

 

Loading...

 

Во актерските улоги се најдоа Маријана Мичиќ, Милош Ѓуровиќ, Душан Матејиќ и Љиљана Ѓуриќ.

– Уште во првите минути од претставата се чувствува како публиката реагира, тука започнаа да се смеат уште кога Дуле излезе на сцена, по 30 секунди и тоа расположение ги држеше до самиот крај, така да ние навистина сме презадоволни. Токму сега коментиравме, мислиме дека е ова едно од подобрите играња, инаку ова е нова претстава, мислам дека вечерва ни е петто изведување од премиерата, така да баш сме задоволни, изјави актерката Мичиќ, која ги пофали и публиката и македонската храна.

 

 

– Прв пат настапувам во Куманово и многу ми е мило што бевте тука во толкав број сите, што салата беше преполна, прв пат сум тука и кога веќе е прв пат очекувам и втор. Мојот лик, хм.. малку е се пребрзо, напорно, се случува заплет, овој сака ова, оној она, но на крајот е фантастично затоа што публиката секогаш го наградува тоа, како што кумановската публика го награди и им благодарам на тоа, рече актерот Ѓуровиќ, кој инаку има македонски корени.

 

 

Следната претстава е во недела, а настап пред кумановската публика има струмичкиот театар.

Loading...

 

Leave a Reply