Слон избегал од зоолошка градина на Флорида

Сподели со своите пријатели

Слон кој некогаш живеел на ранчот на покојниот пејач Мајкл Џексон, на кратко избегал од зоолошката градина на Флорида.

Зоолошката градина во Џексонвил на својата Фејсбук страница објавила дека слонот Али избегал преку капијата која по грешка останала отворена, и завршил во просторот каде се наоѓале жирафите, пренесува АП.

Работниците на зоолошката градина соопштиле дека посетителите не биле загрозени и дека слонот набргу бил вратен во својот дел, така што бил намамен со храна.

Leave a Reply