Следува период на стабилно време, денеска до максимални 34 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент девет.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени во утринските часови до максимални 29 во текот на денот.

 

Loading...

 

Следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваа, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply