Скоро двојно помалку парови се венчале лани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 443 бракови биле склучени во пандемиската 2020 година на подрачјето на Општина Куманово, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Ако се спореди со статистиката за 2019 година, може да се забележи дека скоро двојно е намален бројот на парови кои стабиле во брачната заедница. Таа бројка во 2019 година изнесувала 703 бракови, а годинава е за 260 парови помала.

 

 

Од оние кои се венчале во пандемиската 2020та, за прв пат во брачна заедница стапиле 408 невести и 411 младоженци.

За 34 жени во Куманово ова бил втор брак, додека 28 мажи по втор пат стабиле во брачна заедница.

Има и такви кои се одлучиле по три или повеќе пати за нов брак, од жените само една, а од мажите четворица.

Loading...

Во Липково лани биле склучени 225 бракови, што не е големо намалување ако се земе предвид дека во 2019та година имало 278 бракови. Во Старо Нагоричане имало само 10 нови брачни двојки, што е двојно помалку споредбено со годината претходно.

 

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година на државно ниво, во споредба со претходната година, е намален за 25.6 % и изнесува 10.278.

Никола Ивановски

Leave a Reply