Скопјанец пронајден премрзнат и мокар во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен скопјанец вчера попладне бил пронајден премрзнат и мокар на улица во центарот на Куманово.

Loading...

Лицето било пронајдено од полицијата околу 14 часот, која го пренела во Полициската станица и го сместиле во просторија да се стопли.

Било утврдено дека се работи за триесет и четиригодишник од скопската населба Шуто Оризари.

Според извештајот на РЦУК, кумановската полиција започнала да бара начин да му помогне на лицето, но наишло на бирократија.

Центарот за социјална работа одговорил дека не се надлежни за лицето, туку ЦСР Скопје. Оттаму пак рекле дека може да го преземат лицето ако им го донесе полицијата или Црвен крст Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Во 17:37 часот лицето се стоплило и освестило при што самоволно заминало кон автобуската станица, а оттаму кај роднините во Скопје.

Никола Ивановски