Скопјанец приведен на Граничен премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Под сомнение за даночно затајување, четириесет и тригодишен скопјанец утринава бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– Денеска (15.08.2022) околу 08.00 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(43) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се барал за издржување на определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски