Скопјанец го претепал својот пријател од Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.М.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 23.12.2017 година околу 12,00 часот на улица „Ангел Шајче“, во домот на неговата мајка, по претходна вербална расправија, со дрвен стап, физички го нападнал неговиот пријател М.Л.(59) од Куманово, при што му нанел тешка телесна повреда.