Скокна бројот на барања за азил во Австрија

Сподели со своите пријатели

Австрија во првите четири месеци се соочува со драстично зголемување на бројот на барања за азил, со 16.000 барања.

Loading...

Тоа е повеќе од вкупниот број во 2018, 2019 и 2020 година.

Споредено со лани тоа е раст од дури 138 проценти.

Бегалците од Украина речиси и да не придонесуваат за овој тренд, бидејќи потпаѓаат под друг статус на заштита, па можат да добијат државна помош без барање за азил.

Затоа земјата на потекло е број еден меѓу барателите на азил во Авганистан, од каде 4.245 лица поднеле барање за азил во Австрија.

Потоа доаѓа Сирија со 3.920 барања.

Инаку, 84% од барателите на азил се мажи, а 30% се помлади од 18 години.

Надлежните австриски власти годинава донеле 26.500 правосилни решенија по барањето за азил, при што се издадени околу 7.000 дозволи за престој, од кои околу 4.500 имаат статус на азил, а останатите спаѓаат во хуманитарното право на престој.

Loading...

Од друга страна, негативен одговор добиле 14.600 барања.

Генералниот секретар на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Лаура Захслехнер, истакна дека бројот на барања за азил е предупредувачки сигнал.

Таа нагласи дека ЕУ не смее, за да и помогне на соседот Украина, да ги отвора границите за сите мигранти.