Ученици од Куманово учесници на Меѓународни спортски игри во Словенија

Сподели со своите пријатели

Ученици од кумановското Основно училиште „Крсте Мисирков“ ќе учествуваат на Меѓународните спортски игри за ученици од одделенска настава „Жогарија 2024” во Блед, Словенија.

Loading...

Тоа беше причина претседателката на Совет на Општината и раководителот на Сектор за образование да се сретнат со учениците и да им посакаат успех.

 

 

Како единствена екипа од општина Куманово и државата, ќе земат учество во следниве дисциплини: мешовит фудбал 3 x 3, игри на моторни вештини и женски фудбал (наставник и ученик), квиз на спортско знаење, како и потрага по скриено богатство (ориентација).

Натпреварувањата ќе се одржат во период од 19 до 22 јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово настапи во Крива Паланка со „Волшебникот од Оз“

Никола Ивановски

Loading...