Вечерва промоција на романот „Роботот 1971“ на Бобан Богатиновски

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовиран романот „Роботот 1971“ од авторот Бобан Богатиновски.

Loading...

Промотор на настанот ќе биде Елизабета Павловска.

Богатиновски е автор на книгите поезија: „Луцидни халуцинации“, „Прекрасен ден за умирање“, „Светлината е посилна“,„Барајќи карпа за молитва“ како и на романите „Соба за разговор“, „Коцкар“, „Монотонија“ и “Лет 555”.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија.

Застапен е во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија.

Дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Рома труба фест“ вечерва на плоштадот во Куманово

Никола Ивановски