Сите ви велат дека сте заборавен, но всушност сте суперинтелигентни

Сподели со своите пријатели

Доколку пријателите и семејството постојано ве исмеваат дека сте заборавни, тогаш имате огромен џокер во ракавот кога е во прашање одговорот. Слободно кажете им дека сте суперинтелигентни, затоа што научниците тоа и го докажаа.

Loading...

Претходно се сметало дека доколку не можете со леснотија да запаметите некои работи, вашиот мозок има проблем. Сега ситуацијата е сосема поинавка, за се тоа се заслужни научници од Торонто.

Имено, експертите од областа на биолошките науки нашле директна врска помеѓу лошото паметење и интелигенцијата. Според нивната студија се покажало дека лошите мемориски способности значат дека мозокот со сиот свој капацитет е фокусиран на важните работи.

Нашиот мозок троши енергија на двете, и на складирање и на заборавање информации. Сепак, често старите информации се држат позаглавени.

– Секогаш ги идеализираме лицата кои се разбираат во квизови за знаење, но поентата на пемтењето не е во тоа да се сетимо кој го освоил Стенли купот во 1972 година. Поентата на меморијата е да направи интелигентна личност која може да донесе одлуки во рамките со околностите во кои се наоѓа, вели професорот Блејк Ричарс и додава дека многу е важна енергијата која мозокот може да ја користи за заборавање на информациите, затоа што така прави простор за нови.

Имено, мозокот мора да биде способен да заборава неважни факти и настани, за да има доволно места за нови искуства кои подоцна можат да ни помогнат во донесувањето одлуки како ќе постапиме.

Така да следниот пат кога ќе ве обвинат за заборавање на имиња, или ако се изнервирате затоа што не знаете каде ви се клучевите, сетете се дека паметот ви работи и функционира онака како вам ви е најпотребно во животот. Вие всушност сте суперинтелигентни, пишува „dailystar.co.uk“.

Leave a Reply