Сириската влада ја прогласи областа погодена од земјотресот за зона на катастрофа

Сподели со своите пријатели

Сириската влада денеска прогласи зона на катастрофа во областите погодени од земјотресот во северозападниот дел на земјата, пренесе Ројтерс.

Loading...

Тие области ги вклучуваат провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама, соопшти сириската новинска агенција САНА.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ја посети Универзитетската болница во градот Алепо, кој беше погоден од неодамнешниот разорен земјотрес, пренесе Ројтерс.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Сирија, Асад ги посетил повредените во земјотресот во друштво на својата сопруга.

Досега е потврдено дека во Турција и Сирија загинале повеќе од 21.000 луѓе.