Една од главните туристички атракции на чешката престолнина, Прага, средновековниот астрономски часовник, денеска престана со работа во девет часот и се очекува повеќемесечна реставрација.
Loading...
Властите во Прага велат дека часовникот, поставен на кулата на старото Градско собрание во 1410 година,ќе биде целосно расклопен и реставриран, што е прва голема поправка уште од Втората светска војна, пренесува АП.
Се очекува реставрацијата на часовникот да биде готова кон крајот на летото годинава.