Силен земјотрес во Чиле

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска чилеанскиот регион Тарапас, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на околу 160 километри југоисточно од градот Арик, на длабочина од 125 километри, пренесува ТАС С.

Агенцијата забележува дека во овој град живеат околу 185.000 луѓе и дека засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.