Силен земјотрес го погоди западен Авганистан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Авганистан.

Loading...

Земјотресот се случи на 48 километри северозападно од градот Херат, каде живеат 272.000 луѓе. Најблискиот град до епицентарот е Кара Баг, кој има 12.400 жители.

Земјотресот се случи во 11:42 часот по локално време.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.