Силен земјотрес го погоди југозападот на Турција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погодил југозападот на Турција, јавува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,3 километри, југоисточно од провинцијата Мугла која се наоѓа во Егејското море, соопштува турскиот Центар за истражување на земјотреси.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.