Силен земјотрес го погоди Чиле

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Земјотресот бил на длабочина од 140 километри, на 22 километри од Калама, соопшти ЕМСЦ.

Чиле е најголемиот светски производител на бакар и повеќето од неговите главни операции се наоѓаат во областа Антофагаста.