Сицилија го има рекордот за највисока температура досега забележана во Европа!

Сподели со своите пријатели

Светската метеоролошка организација (СМО) прифати нов температурен рекорд за континенталниот дел на Европа од 48,8 степени, кој беше измерен на Сицилија на 11 август 2021 година, објавено е денеска на веб-страницата на организацијата.

Loading...

Се додава дека стручната комисија ја потврдила точноста на температурните отчитувања, но се уште не го објавила целосниот извештај.

WMO предупредува дека е можно овој температурен рекорд да биде соборен во наредните денови, бидејќи топлотниот бран се засилува.

Претходниот официјален рекорд за највисока температура во континентална Европа беше 48 степени и беше поставен во Атина на 10 јули 1977 година.

„Доколку има нови температурни рекорди за време на претстојниот топлотен бран, ќе издадеме итна прелиминарна проценка и ќе започнеме детални проценки како дел од процесот на верификација“, рече професорот Рандал Карвини, експерт на СМО и известувач за климата.

Тој додаде дека климатските промени поттикнаа зголемување на извештаите за наводни метеоролошки записи, особено кога станува збор за топлина.

„Треба да се погрижиме овие записи да се точни за научно разбирање и прецизност“, рече Рандал.

Официјално, најжешката температура досега измерена на планетата е 56,7 степени во Фурнас Крик, во долината на смртта во Америка, на 10 јули 1913 година.

Loading...

Втората највисока температура е измерена во јули 1931 година во Кебила, Тунис, кога изнесувала 55 степени.