Си: Кина и Франција имаат способност да ги надминат разликите

Сподели со своите пријатели

„Кина и Франција имаат способност и одговорност да ги надминат „разликите“ и „ограничувањата“ во време кога светот минува низ длабоки историски промени.

Loading...

Ова денеска го изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, а пренесуваат државните медиуми во Пекинг.

Кинеско-француските односи задржаа позитивен и стабилен моментум, рече Си на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг, пренесе Ројтерс.

Кинескиот претседател денеска се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера пристигна во официјална посета на Кина, јави Ксинхуа.

Според кинеската новинска агенција, двајцата лидери се сретнале во Големата сала на народот, во центарот на Пекинг.