Шверцер на мигранти приведен во кумановско

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен жител на Велес рано утринава е приведен, под сомнение дека се обидел да шверцува мигранти.

Loading...

– На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес.

– Мигрантите се предададени воТранзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден наполициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошнапостапка, додаваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply