Шведски брод бил на дното на морето 333 години, а денес е најголема– атракција! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Направен е во бродоградилиште во Стокхолм и бил вооружен со бронзени топови излиени специјално за овој брод.

Loading...

По потонувањето, повеќето топови биле спасени во 17 век, додека со текот на времето овој брод станал еден од најпосетуваните музеи.

„Васа“ бил шведски воен брод што бил изграден од 1626 до 1628 година по налог на шведскиот крал Густав Втори Адолф, како дел од воената експанзија во војната со полско-литванската заедница.

Тој цврсто верувал дека ова ќе биде најмоќниот воен брод во светот.

 

 

Вредноста на овој брод била над пет проценти од бруто националниот доход на Шведска. Но, поморската гордост на Шведска никогаш не видела битка – таа била премногу тешка, обемна и нестабилна.

Loading...

Шведската верзија на „Титаник“ потонала на 10 август 1628 година, по првото патување и 1.300 метри.

Бродот не можел да ги издржи моќното оружје и украсите со кои бил натоварен.

Така бродот паднал во заборав, сè додека не била откриена неговата локација кон крајот на 1950-тите.

„Приказната за Васа е приказна за историско фијаско“, вели Марика Хедин, историчар и поранешен управител на „Васамусет“.

333 години беше на дното на морето

На 24 април 1961 година, бродот бил внимателно извлечен од калта – со трупот скоро недопрен.

 

Loading...

 

Бродот најпрво бил сместен во привремениот музеј Васаварвет („Бродоградилиштето Васа“), од каде бил пренесен во музејот „Васа“ во Стокхолм во 1988 година.

Денес, таа е една од најголемите шведски туристички атракции, а ја виделе повеќе од 29 милиони луѓе од 1961 година.

Leave a Reply