Шведска ќе стане првата земја без готовинa?

Сподели со своите пријатели

Истражување на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм покажало дека Шведска е на добар пат да стане прва земја во светот која од оптег ќе ја исфрли готовината. Имено, пет од шест најголеми банки во Шведска веќе одбиваат да послужуваат со готовина.

Loading...

Проценките покажуваат дека во оптег во Шведска има околу 8- милијарди круни, што е драстичен пад во однос на периодот од пред шест години, кога имало 106 милијарди.

Готовината е се уште важен начин на плаќање во многу земји, но не и во Шведска – вели Никлас Арвидсон, истражувач на Кралскиот институт за технологија.

Иако цифрата од 80 милијарди делува како многу, Арвидсон објаснува дека количината на готовина во оптег е многу помала, затоа што, според неговите проценки, само 40 до 60% од тие пари се користат, а останатиот дел се штеди по куќните заштеди, банкарските сметки или циркулација во сивата економија.

Луѓето во Шведска се навикнале да користат картички за плаќање со картички и при најмалите купувања, што најдобро се гледа преку податокот дека четири од пет плаќања биле со „пластика“.

Одиме кон светот без готовинска трговија. Вака е многу побезбедно и за оние кои штедат, затоа што ракувањето и транспортот на пари доста чинат – овјаснува Бенгт Нилервал од шведската Федерација за трговија во интервјуто за Гардијан.

Имајќи во предвид дека Швеѓаните имаат доверба во електронското плаќање, биткојн исто така има прилика да стане широко распространето платежно средство, посебно ако се земе во предвид дека плаќањето со биткојни нема ПДВ.