Швајцарија: Жените во пензија отсега на 65 години

Сподели со своите пријатели

Швајцарците тесно гласаа за продолжување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години, гласање обележано со длабоки поделби меѓу кантоните кои зборуваат германски јазик, настроени кон реформи, и другите кантони во земјата.

Loading...

За реформата гласале 50,6 отсто од гласачите, покажуваат денеска објавените конечни резултати.

На реформата на пензискиот систем во Швајцарија и претходеа два неуспешни обиди во 2004 и 2017 година.

Денешното гласање за старосната граница од 65 години за жените се очекува да го „стабилизира“ швајцарскиот пензиски систем, кој е под притисок поради зголемениот животен век и фактот што таканаречената бејби бум генерација се приближува кон пензионирање.

Најконтроверзниот дел од реформата имплицира дека жените, како и мажите, работат до 65 години за целосна пензија, што е една година подолго отколку што предвидува сегашниот пензиски систем.

Членовите на Социјалистичката партија оценија дека гласањето за подоцнежно пензионирање на жените „не е само чекор назад во однос на еднаквоста, туку шлаканица за сите жени“ и најавија протести за утре во Берн каде ќе го осудат исходот. на референдумот.