Што всушност значи зборот АМИН?

Сподели со своите пријатели

Збор со која завршува секоја молитва е амин. А тој збор има едноставноз начење.

Армин потекнува од хебрејскиот збор  āmēn (אָמֵן).

Овој збор е еден од ретките кој останал непроменет од своето настанување. Преживеал илјадници години, а неговата форма само биал прилагодена на неколку различни јазици, додека значењето останало исто.

Зборот потекнува од времето на првите пишани зборови и се појавува во најраните еврејски записи.

Нејзиното значење се врзува за одобрување и означува нешто што допрва ќе се случи. Преводот на зборот амин е „нека биде така“. Амин се користи да се укаже на тоа дека некој многу се сложува со нешто и во тој смисол на зборот „навистина, без сомнеж, неспорно“.

Амин во христијанството

Ова е еден од ретките хебрејски зборови која во литургијата на христијанската црква влегла во неизменета форма поради својата вонредна светост: тоа не треба да чуди со оглед дека во евангелието се користи 77 пати и тоа претежно се става во устата на Спасителот.

Потеклото на зборот „Амин“ во јудаизмот

Етимолошки, доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „да се потврди“. Меѓутоа коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде во арамејскиот јазик кој се користен од Исус за проповед. Зборот амин од јудаизмот влегува во грчкиот јазик, аод грчкиот во латинскиот од кој потоа се преселува и во Западна Европа. Тука треба да се напомене една важна работа, дека латинскиот бил официјален јазик на Источноримското царство се до 640 година, но за време на целата историјата на обединетото Римско царство и подоцна грчкиот јазик кој бил јазик на културата и филозофијата, па со самото тоа и религијата.

Граматичарите сметаат дека коренот на зборот е „амн“ (затоа што „алеф“ има функција на согласник во морфологијата на хебрејскиот јаазик) и дека тој корен значи да се биде цврс, да се потврди, верно, да се има вера, да се верува.