Што велат научниците за временската прогноза во следните пет години?

Сподели со своите пријатели

Последните четири години беа најтоплите некогаш забележани, а научниците предвидуваат дека следните пет веројатно ќе бидат абнормално топли, при што тој ефект ќе биде поинтензивен од што се очекува во рамките со констатираното зголемување на глобалното затоплување.

Можна е уште една рекордно топла година, која ќе биде потопла и од 2016 година, која досега го „држи рекордот“. Освен тоа научниците очекуваат зголемен ризик од екстремна топлина и пораст на температурите во океанот, како оној кој предизвика последно изумивање на коралните гребени во тропските предели.

НАЈСКАПОТО ЧОКОЛАДО ВО СВЕТОТ: Едно парче чини цело богатство

Loading...

– Заклучивме дека во наредните пет години постојат големи шанси за абнормално топла клима, вели Флоријан Севелек, научник од францускиот Национален центар за научни истражувања, еден од авторите на студијата објавена во „Nature Communications“.

Еден од клучните фактори кои влијаат на температурата низ текот на годините е она што научниците го нарекуваат „интерна варијабилност“ на климата, која нема врска со ефектот на стаклена градина која ја создаваат луѓето со емисија на штетните гасови.

Во текот на 2000-те години, интерните фактори, на пример, осцилациите во океаните, допринеле донекаде да се успори процесот на глобално затоплување. Меѓутоа, сега, истите внатрешни фактори делуваат спротивно, покажува новото истражување. Тоа значи дека константната стапка на раст на глобалното затоплување ќе даде дополнителен потик.

Leave a Reply