Што се случува под Антарктикот? Научниците снимиле страшни звуци!

Сподели со своите пријатели

Научниците на арктичкото дно забележале страшни звуци, а потоа спровеле истражување за да дознаат зошто тие се формираат.

Откако во 2014. година истражувачите поставиле 34 сеизмички монитори во снегот, на врвот на најголемиот леден покривач на Антарктикот – Росовите ледени плочи, инструментите забележале скоро консантни звуци на зуење.

Ледената плоча која може да се спореди со големината на тексас, која се наоѓа во Јужниот океан, отворила нов простор за истражување, па научниците се обиделе да објаснат зошто и како овие звуци се формираат.

Со оглед дека звукот е неучен за човечкото уво, тие овие ниски фрекфенции ги прилагодиле на оние кои слухот може да ги регистрира.

По топењето на мрзот се појави мистериозен објект на Антарктикот (ВИДЕО)

Loading...

Експертите потоа во списанието „Геофизички истражувачки писма“ објавиле сознанија заедно со аудио фајлот на кој може да се слушнат „случувањата“ на антарктичкото дно.

– Кога овие вибрации би можеле да ги слушнеме тие би биле слични на зуењето кое го произведуваат илјадници инсекти кои ги прикриваат крошните и травниците кон крајот на летото, рекол Даглас Макајел, глациолог од Универзитетот во Чикаго.

Антарктикот се соочува со забрзано губење на масата, т.е. топење на мразот, кој делува како чеп кој го задржува најголемиот склад на мраз в0 светот од неограниченото слевање во коеанот.

Првобитната цел на истражувањето се однесувала на следење на промените на површината на Росовата ледена плоча под притисок на релативно топлиот воздух над површинат аи морската вода која го исцрпува мразот од долу, за да се најави историскиот пораст на нивото на морето.

Се смета дека овие вибрации настануваат поради силни ветрови кои дуваат преду дините на врвот на Росовата ледена плоча и дека токму тие влијаат на вибрирањето на мразот.

Leave a Reply