Што најчесто го прашуваме „чичко Гугл“?

Сподели со своите пријатели

Како се врзува вратоврска е најчестото прашање кое корисцниците го поставуваат на семоќниот „Гугл“, Како се бакнува и како да забременам се прашања кои се со сребрена и бронзена медала.

На топ 12 листата прашања кои започнуваат со „како да“ се и следните: како да ослабнам, цртам, заработам пари, направам палачинки, напишам мотивационо писмо, направам француски тос, изгубал сало на стомакот.

Според истражувачите, прашањата „како да“ се во пораст за 140% од 2004 година и тоа ширум светот.

Корисниците на интернет во Северна Америка и источна Азија често поставуваат прашања за поправка на тоалетот, жителите на поранешните советски земји имаат проблеми со машините за перење алишта, додека жителите на тропските предели најмногу ги интересираат фрижидерите. Во скоро секоја земја многу попларни се прашањата во врска со прозорците, вратите и ѕидовите.

Научниците велат дека нашите мозоци се толку затрупани со информации што забораваме како се прават одредени многу едноставни работи. Па така, меѓу 100 најчесто поставувани прашања се и како се варат јајца, како се приготвува ориз или како се прави торта.

Меѓу најпопуларните љубовни прашања се издвојуваат: како да импресионирате девојка, како да му се допаднете на момчето, како да најдете девојка, како да ја повикате на состанок…