Што „Гугл“ навистина знае за вас?

Сподели со своите пријатели

Пред неколку месеци, генералниот директор на ГУгл е испрашуван од стран на американскиот Конгрес за политичката пристраност на својот пребарувач, но и други производи на Гугл.

Loading...

Со скандалот околу Кембриџ Аналитика и сличните испрашувања на сопственикот на Фејсбук Марк Зукерберг и усвојувањето на GDPR – како нашите информации се собираат на мрежата и што се прави со нив, ова беше горчлива тема во текот на 2018 година, а извесно е дека ќе биде и оваа година.

Значи прашањето е кои информации Гугл ги има за вас? Поголемиот дел од луѓето секојдневно ги користат своите телефони или компјутери и редовно комуницираат со производите на оваа компанија, но повеќето не знаат многу за правилата на приваност на Гугл. Иако постојат некои теоретичари на заговори кои ќе ви кажат дека има уште многу зад кулисите, еве што сигурно знаеме за тоа како и кои податоци Гугл ги собира за вас.

Што Гугл знае за мене?

Низ своите пребарувачи, сулугите поврзани за интернет, апликациите и поврзаните компании, Гугл ги следи информациите кои се внесуваат преку телефонот или компјутерот. Низ своите правила за приватност и услови (оние работи кои поголемиот дел никогаш не ги прочитале, но редовно означуваат дека го сториле тоа), ние даваме овластување да се собираат овие податоци.

Некои од најкористените апликации и податоци кои се собираат се:

 -Гугл пребарување: Термини за пребарувања

– Гугл Хром: Историја на пребарувања

Loading...

– Гугл Мапс: Посети на локации, места кои сте ги барале, методи на превоз, датуми на патување

– Гугл Огласи: Огласи на кои сте кликнале, теми кои ве интересираат

– Гугл Фотографии: Тагирани лица и места

– Јутјуб: Прегледани видео снимки, оние кои сте ги додале во омилените, како и оние кои сте ги поставиле на својот канал.

Во сушстина, се она што го правите додека користите Гугл производи најверојатно ќе биде сортирано и со тие информации се создава слика за тоа кои сте вие. Што не доведува до следното прашање…

Што Гугл прави со моите информации?

Преку своите пребарувања, фотографии, локации и уште многу друго, Гугл сега знае за места кои сте ги посетиле, работи кои ве интересираат, што купувате, како изгледате, кои се вашите пријатели и уште многу друго.

Иако Гугл е познат во јавноста како пребарувач, тоа е и маркетинг канал. Постојат различни начини на огласување преку Гугл – низ огласи за пребарување, прикажување преку банери, огласи за купување, видео огласи и уште многу. Гугл користи ваши информации за да постави одредени демографски податоци кои се достапни за огласувачите кога ќе одлучат да таргетираат преку различни платформи.

Loading...

На пример, ако поставуваме банери на сајтови преку Гугл, имаме опција да таргетираме демоградски податоци како што се возраст, пол, родителски статус и локаци. Но, освен тоа, ние можеме да се фокусираме на интересирањата и однесувањата – опции од „љубители на животни“ до „често јаде надвор“ и пошироко. Исто така можеме да таргетираме врз основа на намера за купување – да таргетираме некој које  во потрага по недвижнини, па се до софтверски решенија.

Што сега? Дали тоа е добро или лошо?

Некои луѓе можат да помислат дека тоа е инвазија на нивната приваност.

Набљудувајќи од агол на маркетингот, ние сакаме да имаме специфични опции за таргетирање кои ни стојат на располагање, така да можеме лесно да стигнеме до целната публика и да не губиме време и пари на нашите клиенти. Како потрошувачи, попрвин би избрале да ни се прикажуваат релевантни огласи за работи кои не интересираат, дури и ако тоа значи дека се користат нашите лични податоци. На пример, ако бараме различни видови алати или софтвери кои можеме да ги користиме за нашата агенција, а кои би не направиле уште поефикасни, ќе ни се прикажуваат огласи за нова работна технологија за маркетери и марткетинг агенции. Така можеби откриеме нов производ кои не би можеле да го откриеме на друг начин.

Меѓутоа, некои од вас нема да сакаат да ги делат своите информации со Гугл, па ќе поскаате да сокриете или да ја ограничите количината на податоци кои ги споделувате со овој технолошки гигант.

Постојат неколку начини да го сторите тоа:

– Користете VPN (Виртуелна приватна мрежа)

– Користет еприватно пребарување на своите пребарувачи (Incognito Mode/Private Browsing)

Loading...

– Прилагодете ги поставките за приватност преку контролата на активности на Гугл

– Исклучете ја локацијата на мапите на Гугл

– Користете други пребарувачи и пребарувајте на друг пребарувач

– Избришете ги профилите на Гугл

Освен ако целосно се повлечете од мрежата, останува фактот дека што повеќе технологии користиме, повеќе информации се даваат и се чуваат за нас.

Ноо, со сите гореспоменати контроверзии во последните неколку месеци, создадена е поголема транспарентност околу тоа што Гугл знае за нас.

Loading...

За повеќе информации посетете го Безбедносниот центар на Гугл за сеопфатен преглед на нивните правила за приватност.

Leave a Reply