Шпанскиот суд ја забрани социјалната мрежа Телеграм

Сподели со своите пријатели

Окружниот суд во Шпанија ја забрани социјалната мрежа за пораки – Телеграм – по жалбите на медиумските компании дека им дозволува на корисниците да ја поставуваат нивната содржина без дозвола, пишува Ројтерс.

Loading...

Судот се согласи да ја блокира употребата на Telegram во Шпанија почнувајќи од понеделник, во очекување на истрага за наводите.

Давателите на мобилни услуги ќе бидат одговорни за блокирање на услугите на Telegram, изјави судски извор.

Телеграм допрва треба да ја коментира пресудата.

Телеграм е четврта најкористена услуга за пораки во Шпанија, која ја користат речиси 19 отсто од населението.

Telegram е услуга за испраќање и размена на инстант пораки развиена од компанијата Telegram Messaging LLP со седиште во Лондон и оперативни центри во Дубаи.

Компанијата е основана од рускиот претприемач Павел Дуров, претходно познат како основач на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте.

Компанијата вели дека имала повеќе од 700 милиони активни корисници ширум светот во 2023 година.

Loading...