Шпанија протера американски дипломати поради регрутирање шпиони

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на персоналот на американската амбасада во Мадрид, вклучени во регрутирање шпиони меѓу членовите на шпанската разузнавачка служба, се дискретно протерани од Шпанија.

Loading...

Откритието создаде ситуација без преседан меѓу двете сојузнички земји, а Маргарита Роблс, шпанската министерка за одбрана, која е и шеф на шпанскиот Национален разузнавачки центар (ЦНИ), ја повика на средба американската амбасадорка Јулиса Рејносо.

Министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес контактирал и со претставник на администрацијата на Бајден во Мадрид и му ја пренел непријатноста на шпанската извршна власт, соопштија владини извори.

Неодамна, судот во Мадрид покрена постапка против неколку агенти на CNI осомничени дека им предавале информации на Американците.

Агентите на CNI се под истрага за оддавање тајни, иако фактите би можеле да претставуваат посериозна верзија на тоа кривично дело, како што е предавство за шпионажа, за „добивање или откривање информации класифицирани како државни тајни“, што носи казна од шест до 12 години затвор.

САД одбија да го коментираат инцидентот, велејќи дека станува збор за разузнавачка работа.

„Паис“ додава дека постои сомневање дека владата на Педро Санчез се обидела да го сокрие случајот.