Шпанија испрати четири тенкови Леопард 2 во Украина

Сподели со своите пријатели

Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека брод со воена и хуманитарна помош за Украина го напуштил пристаништето Сантандер и дека опремата се очекува да биде испорачана до почетокот на август.

Loading...

Новиот пакет помош вклучува четири тенкови „Леопард 2А4“, се наведува во соопштението за медиумите, пренесува Гардијан.

Дополнително, меѓу другото, на украинските сили се испратени 10 оклопни возила „М-113“, едно повеќенаменско оклопно возило, како и едно оклопно возило за цивилна помош.

Како дел од новиот пакет испратени се три цивилни возила на брза помош.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.